
Таа оцени дека победата на Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ и изрази уверување дека Бугарија под нејзиното претседателство ќе има конструктивна улога во регионот и во Европа.
„Со нетрпение очекувам да работиме заедно во духот на меѓусебно почитување, отворен дијалог и вистинско партнерство. Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да ги унапредиме мирот, стабилноста и просперитетот“, порача македонската претседателка.
Јотова победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, одржан вчера, и ќе стане првата жена избрана на претседателската функција на непосредни избори во земјата.
Извор: МКД.мк



