Нема ништо лошо во срцињата, розите, лебедите, розевата боја и се друго што автоматски паѓа на памет кога ќе се спомне Денот на вљубените. Ама нема ништо лошо ни во малку хумор, и тоа паметен, што притоа ќе му/и порача на вашиот партнер/ка дека не само што е сакан/а, туку ја сметате и за умна и начитана.
Бен Клинг – илустратор, музичар, писател, аниматор и уметник, создаде колекција од картички по повод Св. Валентајн, во кои фокусот е на умната игра со зборови и референците кон познати писатели, философи, мислители и… хм… диктатори. На пример, преку Хитлер, можете да и порачате на својата сакана да биде ваша – „BE MEIN“, или да и соопштите дека ја сакате платонски – преку Платон.
Во случај да сакате да купите една, посетете го официјалниот сајт на илустраторот.