Докторите веќе две седмици се обидуваат да го разбудат Михаел Шумахер од кома, но до сега, освен неколку рефлексни движења, тој сеуште не реагира.
Сепак, неговата сопруга Корина постојано е крај него во болничката постела и му зборува, уште од денот на несреќата на 29-ти декември.
Дури ни модерната медицина нема сознанија за тоа колку пациент во кома може да восприеми информации од околината, па прашање е дали Михаел воопшто може да ги чуе сите овие напори за негово опоравување. Сепак, научниците сметаат дека гласовите на најблиските се од значителна помош во ваквите ситуации:
„Едно е сигурно, познатите гласови, на пример, од членовите на семејството, имаат силен смирувачки ефект на пациентот и му даваат чувство на сигурност“ – вели професорот Хајнцпетер Меке, шеф на катедрата за итна медицина во Хамбург.
Според докторите од болницата во Гренобл, каде што е сместен Шумахер, можат да поминат уште многу седмици пред великанот на Ф1 да се разбуди од вештачки индуцираната кома.
Во меѓувреме, на посета повремено доаѓаат и неговиот татко Ролф, неговиот син Ралф, но и долгогодишните пријатели од Ф1 – Жан Тод и Рос Браун.