Реал Мадрид со убедливи 3-0 го победи Атлетико Мадрид во првиот полуфинален дуел, Барса со 2-0 славеше над Реал Сосиедад.
Реал Мадрид и Барселона остварија значајни предности пред реванш дуелите со Атлетико Мадрид односно Реал Сосиедад.
Кралевите убедливо со 3-0 го победија Атлетико Мадрид на Сантијаго Бернабеу.
Се чини дека резултатот не е рефлексија на она што се случуваше на теренот, но Реал Мадрид оствари голем триумф.
Резултатот беше отворен во 17. минута, кога Пепе биеше, топката го смени правецот од Инсуа и заврши зад грбот на Куртоа.
Предноста беше зголема во 57. минута кога по убава асистенција од Ди Марија, Хесе реализираше за 2-0.
Во 73. минута, нов несреќен гол за Атлетико Мадрид, топката овој пат го удри Миранда, го промени правецот и го совлада Куртоа.
Сигурна победа обезбеди и Барса над Реал Сосиедад, Каталонците славеа со 2-0.
И во овој натпревар фаворитот помалку среќно дојде до ваквиот резултат.
Сосиедад добро го почна натпреварот и имаше шанси за водство, но пред крајот на првиот дел Бускетс донесе водство на Барселона од 1-0.
Веднаш по постигнувањето на голот, Мартинез заработи директен црвен картон поради приговор, па Сосиедад остана со фудбалер помалку.
По 15 минути игра во второто полувреме со неверојатен автогол, Барселона дојде до победата од 2-0.
Синоќешните резултати сугерираат дека сме пред Ел Класико финале во Купот на Шпанија.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk