Американската ФДА во 1987. воведе револуција во козметичката индустрија со забраната за користење на одредени бои и мириси, што во лабораториите се покажаа како штетни, предизвикувајќи појава на тумор.
Иако технологијата е променета, се уште е присутна големата загриженост по прашањата за користење на обоени и миризливи тоалетни хартии или влажни марамчиња. Еве зошто…
Рак на ѕидот на матката
ФДА и Health and Human Services ја наведоа оваа причина за забраната пред 26 години. Се претпоставува дека постои вликание кое им штети на женските репродуктивни органи, а може да резултира и со заболување од рак на ѕидот на матката.
Ректални проблеми
Користењето на обоени и мизливи тоалет хартии може да доведе до запаление и чешање на ректалните подрачја. Освен тоа, многу е добра навика е од време на време да го проверувате изгледот на столицата, за на време да воочите можно постоење на крв во столица. Обоените хартии го отежнуваат воочувањето на тие промени.
Инфекции на каналот за мокрење
Обоените и миризливи средства можат да бидат исклучително иритантни на вагиналното подрачје, па нивното користење честопати се наведува како предизвикувач на инфекции на каналот за мокрење.
Габични инфекции
Според MedlinePlus, едно од првите прашања кои гинекологот ја прашува жената која има габична инфеквија е дали користи влажни марамчиња или обоена тоалетна хартија. Имено, експертите откриле директна поврзаност меѓу нивната примена и појавата на габични инфекции.
Здрава околина
Додавањето на боја и мириси на тоалет хартијата, дополнително ја загадува околината.
Не заборавајте да обрнете внимание и на состојките наведени на амбалажата, ако е наведен хлор, пронајдете бела тоалетна хартија на друг произведувач.