15 работи за кои ќе жалите што не сте ги направиле кога сте требале

Овој текст е наменет за оние кои ја надминале четириесеттата година и жалат за некои работи кои не успеале да ги направат во младоста. Како и за оние кои немат ни дваесет години, со цел да им биде поубаво и подобро во животот.

Можеби ќе ви биде жал за:

Што не сте патувале кога сте имале прилика
Колку сте постари, потешко е да се патува, особено ако имате семејство и ќе мора да платите пат за себе и уште тројца… Кои не сакаат да одат на исти места кои вие сакате…

Што не сте научиле барем уште еден странски јазик
Особено во денешно време кога се бришат границите- колку повеќе јазици зборувате, толку сте побогати (интелектувално, се разбира).

Што предолго сте останале во лоша врска
Никој не е среќен, а вие губите драгоцено време.

Што не сте ја искористиле шансата да ги видите во живо вашите омилени музичари


„Не, не можам сега, но на следниот концерт на Нирвана сигурно ќе одам“… Нда…

Што стравот ве спречил да направите многу повеќе
Ќе погледнете наназад и ќе помислите- па од што се плашев толку?

Што не сте ја напуштиле лошата работа
Ок, сметките треба да се платат. Но ако не ја напуштите лошата работа, ќе се разбудите еден ден и ќе сфатите дека сте поминале 40 години во пеколот.

Што не сте се труделе повеќе на училиште
Тоа е период од животот кој во голема мера го дефинира вашиот живот.

Што сте се плашеле да кажете „Те сакам“
Кога ќе остарете ќе сфатите дека единствено важно е да дадете до знаење како се чуствувате.

Што не сте ги послушале советите на родителите
Кога сте млади не сакате ни да ги чуете, но болната вистина е дека поголем дел од работите кои ви ги кажале родителите за животот- се вистина. Дури и празот е навистина здрав.

Што многу време сте потрошиле грижејќи се што мислат другите


За 20 години на тоа нема да обрнувате ни две секунди од вашето внимание.

Што долго време сте се лутеле на оние кои ги сакате
Зошто?

Што не сте „бранеле“ себеси
Старите луѓе не трпат *рања од никого.

Што премногу сте работеле
На крајот, секогаш жалиме што не сме поминале повеќе време со семејството, пријателите или некое хоби.

Што не сте имале почесто секс
Затоа што подоцна е се потешко…

Што од време на време не сте застанале, длабоко земале здив и само уживале во моментот
Младите луѓе се постојано во движење, но добро е од време на време да застанете и да го почуствувате животот.

- Реклама -