Би го носеле ли овој модерен iWatch?

Денес, во оваа напредна виртуелна ера, паметните телефони, таблети и лап-топи имаат една заедничка карактеристика: постојано ги држиме во рацете, пишуваме на нив или бараме каде сме ги оставиле.

Сепак, сево ова би се променило кога тие би станале дел од модната индустрија и би можеле да да ги „носиме“ во некој облик на моден детаљ.

Всушност, ова веќе еднаш се случи со Google Glass очилата, а во процес на доработка е целата идеја и со таканаречениот Samsung Galaxy Smartwatch. Сепак, иако се уште немало никакво конкретно соопштение од Apple на оваа тема, луѓето со нетрпение чекаат да видат каков изум ќе подготви на оваа тема гигантот.

Доколку од компанијата се уште немаат идеја, можат уште од самиот почеток да се послужат со дизајнот на Тод Хамилтон. Тој креираше концепт за уред по име iWatch, кој освен што изгледа неверојатно тренди, одлично е осмислен и делува навистина функционално. Погледнете за што станува збор:

iWatch-Concept-By-Todd-Hamilton-4 iWatch-Concept-By-Todd-Hamilton-2 iWatch-Concept-By-Todd-Hamilton-3

 

- Реклама -