Епидемија како од хорор филм се шири на западниот брег на Северна Америка

Ова не е сензационалистички наслов… Како ќе се чувствувате ако вашата рака спонтано се откине и си замине подалеку од вас?

Токму тоа им се случува на морските ѕвезди на западниот брег на САД. Десетици илјади морски ѕвезди се инфицирани од мистериозна болест, а симптомите се застрашувачки. Краците на заболените единки самостојно се превиткуваат во чворови додека не се откинат, развиваат отворени рани и ползат во спротивна насока, подалеку од телото, дозволувајќи нивната внатрешност да се истури наоколу.

Експертите не се сигурни како се шири болеста, а уште помалку од каде потекнува. Она што знаат е дека морските ѕвезди се важна нишка во океанскиот еко-систем, и секое масовно угинување е многу лош знак.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Фасцинантниот видео-прилог на Кејти Кемпбел, репортер на PBS, ќе ви каже нешто повеќе за тоа како научниците и граѓаните ги здружуваат силите за да го истражат ова мистериозно случување. За сериозноста на ситуацијата говори и тоа што самата телевизија го предупреди дека прилогот е „вознемирувачки“.

Главниот момент во видеото (крак што се откинува и си заминува) е на 3м:33с

 

 

- Реклама -