Facebook вработува уредници на вести

Facebook започна да вработува персонал за редактирање на содржините во новата апликација за вести.

Се претпоставува дека редакторите рачно ќе ги избираат вестите за главната страница на агрегаторот, а освен тоа ќе се занимаваат и со селектирање на најдобрите материјали на определени теми, кои се ќе покажуваат на одделните секции на апликацијата.

Досега управувањето на содржините во социјалната мрежа се остваруваше само од компјутерски алгоритами. Така на пример, алгоритамот за покажување на статии во лентата со вести на Facebook (News Feed), ги земаше во предвид бројот на лајковите на дадените статии, како и интернет активноста на пријателите на авторот.

Ве потсетуваме, дека Facebook планира да лансира нова апликација за вести под името Paper. Оваа информација беше соопштена овој месец, кога беше соопштено дека таа може да биде пуштена до крајот на овој месец. Според информациите, Paper ќе собира материјали од популарни онлајн извори на информација и ќе ги објавува најдобрите статуси на корисниците на Facebook. Засега претставниците на компанијата, не сакаат да ги коментираат овие гласини.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk
- Реклама -