Како да го забрзате метаболизмот

Брзиот метаболизам кај некои луѓе е генетски предодреден. Генерално земено, мажите имаат побрз метаболизам од жените, но сепак не секој има доволно брз метаболизам. Брзиот метаболизам ни помага полесно да ги согоруваме калориите и полесно да ја метаболизираме на храната.

Пијте зелен чај

Пиењето на зелениот чај е докажан метод за забрзување на метаболизамот. Истражувањата покажале дека редовното конзумирање зелен чај може да го зголеми согорувањето на калории за дури 17 %.

Контролирано пијте кафе

Кафето е здраво доколку се конзумира умерено. Научниците тврдат дека кафето го забрзува метаболизмот, а притоа и согорувањето на калориите, но ефектот е краткотраен.

Пијте студена вода

Пиењето вода е многу важно за одржување на кондицијата на метаболизамот. И благата дехидратација може да го успори метаболизамот. Водата е добро да е ладна, затоа што организамот ќе биде принуден да употреби повеќе енергија за да ја затопли, а со тоа ќе го забрза метаболизмот и ќе согори повеќе калории.

Прочитајте и:  Храна која ја обновува цревната флора

Јадете често, но помалку

Доколку јадете двапати дневно и обилно, организамот ќе се исцрпи и нема да работи континуирано, но доколку јадете помалку на секои 3 часа, организамот перманентно ќе ја вари храната при што континуирано ќе троши енергија и ќе согорува калории.

Вежбајте

Секако за добра работа на метаболизамот е важно и секојдневното вежбање. Ова е можеби најефикасниот метод за забрзување на метаболизамот и секако трошење на калориите.

Зачинете ја храната

Ова сигурно сте го слушнале. Малку лут зачин може интензивно да го забрза метаболизамот и да помогне во согорување на калориите, но сепак не претерувајте со овој метод.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -