Музејот за Порше во Штудгард, Германија во својата богата колекција овие денови го додаде вистинскиот бисер на автомобилите- Eggar-Lohner C.2 Phaeton, првиот авотомобил кој го дизајнирал Фердинанд Порше.
Популарниот “P1” е направен во 1898 година, а специфичен поради тоа што го движи електричен мотор 5НР.
Светската премиера Egger-Lohner C.2 Phaeton ја доживеал во далечната 1898-ма година, и претставувало нешто сосема ново со оглед на тоа дека бил придвижуван од електричен мотот 5HP (3KW).
Моторот е поврзан со „контролор“ од 12 степени, кој овозможувал достигнување максимална брзина од 35km/h и автономија од околу 80km со едно полнење.
Моделот, исто така, учествувал во трки, па Фердинант Порше го возел на “EV” рејлито во 1899-та година. Тешката стаза не ја завршиле половина од учесниците, но, Фердинант со својот автомобил го освоил првото место, поминувајќи ја целта цели 18 минути пред следниот конкурент.