Супер-трик за водоотпорни чевли, со фен и свеќа

Иако зимава е прилично блага во споредба со нашите очекувања, неопходно е да имате пар чевли што не пропуштаат вода. Ако сепак се обидувате да ја истерате со вашиот омилен пар, кој баш и не е подобен за дожд и снег, еве еден лесен и корисен трик. Како што демонстрира Youtube корисникот CrazyRussianHacker, се што ви треба е восочна свеќа и фен. Втријте го восокот во ткаенината и потоа загрејте го со фен. Восокот ќе се вовлече во порите на чевелот, а со тоа ќе ја спречи водата да навлезе.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања
- Реклама -