Се е импресивно кога ќе го снимите со 4000 фрејма по секунда, а особено моментот кога ќе запалите чкорче. Веќе во следниот, сведоци сте на неочекувана глетка, налик на вонземски светови со бои што се прелеваат, при што добивате солиден увид во науката на огнот и запалувањето. Сето ова е благодарение на Youtube корисникот UltraSlo, кој дополнително морал да користи 2000 вати моќно светло. Но, ќе се согласите, резултатот вреди.