Совети за правилно држење на бебе

 

Нормално е да  ви доаѓаат  радост и желба  постојано да прегрнувате  бебе , но пред да го опсипувате со физичка љубов , еве неколку совети како правилно да го држите бебето.

Не заборавајте дека новородените бебиња се премногу кревки , а едно од најранливите места е вратот. Бидејќи бебето не може да ја држи главата горе во првите недели по раѓањето ,  важно е кога го држите в раце , придржувајќи ги вратот и главата.

Кога го држите детето хоризонтално , користете ја внатрешноста  на лактот како потпора за главата на бебето. А кога го милувате вертикално , главата на бебето треба да се наоѓа под рамото и да ја држиме со едната рака цврсто кон градите .

bebe-dete-92185

Ако пак бебето ви е вознемирено додека го држите на раце , пробајте да го смирите така што ќе го повиете  во фротирка, па ќе се чувствува сигурно и заштитено .  Поврзаноста со  топлината доаѓа од утробата , каде бебето поминало 9 месеци и е навикнато во тесниот простор . Затоа  големиот свет може да го плаши во првите недели .

Кога пак го кревате бебето од детското креветче , на пример , користете ги двете раце со  прстите под  вратот кои  претставуваат потпора за главата на новороденчето. Другиот начин е со едната рака да ја фатите  главата на бебето , а со другата – задникот .

- Реклама -