Ништо не е поубаво наутро од една шолја чај или кафе и парче тост леб намачкано со вашиот омилен премаз. Утрото е и оној дел од денот кога работите се хаотични од самиот почеток. Децата трчаат наоколу, и секој се обидува да ги потсети другите за најважните задачи кои треба да се завршат. Следниот пат напишете го тоа на тост лепче.
Ништо не е поубаво наутро од една шолја чај или кафе и парче тост леб
намачкано со вашиот омилен премаз. Утрото е и оној дел од денот кога
работите се хаотични од самиот почеток. Децата трчаат наоколу, и секој
се обидува да ги потсети другите за најважните задачи кои треба да се
завршат. Следниот пат напишете го тоа на тост лепче.
Овој тостер на Саша Ценг содржи мала табличка за пишување каде може да се прочита пораката. Пораката се "пече" на тост лепчето и добива ново значење "да читаш додека јадеш".
"Што се однесува до мене јас би го искористил тостеров како строго предупредување за пријателите кои патат од мамурлук. Да, и не само што ова парче тост ќе ве предупреди да престанете со пиењето туку и ќе ви го смири стомакот кога ќе го изедете" – вели дизајнерот Саша Ценг.