Љубовта навистина е во срцето, а гневот во рацете

Љубовта навистина се крие во срцето. Тоа го покажа новото истражување на фински научници, кои се обиделе да покажат како емоциите ја менуваат физичката состојба на нашето тело.

Професорот Лари Нуменма и неговите колеги ги проучувале чувствата на луѓе од различни региони на светот – како од Западна Европа, така и од Источна Азија. Се покажало дека емоциите се во голема мера универзални и се манифестираат на ист начин во нашите тела, независно од културата и потеклото.

Научниците ги користеле резултатите од истражувањето за да ги тргнат границите од мапата, барем кога се однесува  на човечките чувства. На сликата е прикажано како секоја емоција го менува нашето тело. Се покажало дека речиси сите од испитаните чувства влијаат врз биењето  на срцето, односно  токму тоа е местото каде што најсилно чувствуваме физичкиот ефект од љубовта.

Атлас на човековите емоции
Атлас на човековите емоции

Сепак, кога човек е вљубен, се активираат и други делови од телото, а емоциите влијаат и врз главата и препоните. Среќата пак се одразува речиси на целата физичка состојба,  зајакнувајќи ги нашите  чувства, од глава до пети. Чувството повторно е најсилно во градите и главата.

Според Атласот на човечките емоции, гневот ги засилува нашите чувства во дланките и срцето, а одвратност чувствуваме најсилно во грлото и стомакот – веројатно како подготовка на телото за повраќање. Изненадувањето е концентрирано во очите и срцето, а срамот се чувствува најсилно од двете страни на лицето – како поцрвенување.

Чувството за гнев ја зголемува чувствителноста на дланките
Чувството за гнев ја зголемува чувствителноста на дланките

Има и емоции, претежно негативни, кои наместо да ги зајакнуваат физичките чувства, ја намалуваат чувствителноста во некои делови на нашето тело. Така на пример тагата  ги убива чувствата во рацете и нозете. На ист начин, но многу посилно делува депресијата.

Кога чувствуваме срам, исто така има благо намалување на чувствителноста на рацете и нозете, но се активираат лицето и горниот дел од телото. Генерално, сепак емоциите имаат малку влијание врз нашата физиологија, иако предизвикуваат минимални разлики во температурата на кожата и во пулсот.

- Реклама -