Дали ќе се храните здраво и ќе тренирате повеќе, ако некој Ви плаќа за тоа? Креаторите на апликацијата Pact, изгледа мислат дека тоа е добра идеја. Оваа услуга за Android и iOS нуди три различни видови “пактови” – за исхрана, за тренинг и за јадење овошје и зеленчук.
“Прехрамбениот пакт” бара од корисниците на апликацијата да ја вклопуваат количината храна што ја изеле во текот на денот со помош на услугата MyFitnessPal. “Вегетаријанскиот пакт” го обврзува секој да јаде овошје и зеленчук од него. Забавното е тоа дека, за да се осигура дека ќе го почитувате “договорот”, треба да се фотографирате секој пат штом јадете овошје или зеленчук . И конечно , “Фитнес пактот” бара од тебе редовно да вежбате, така што услугата Ви плаќа ако често посетувате фитнес, ако возите велосипед барем половина час на ден и ако правите барем 10 илјади чекори дневно.
Сигурно се прашувате колку чини сето тоа? Ако успеете да остварите една цел (на пример да јадете овошје и зеленчук десет пати во неделата), ќе заработите $2. Ако, сепак, не успеете, апликацијата ќе ви казни со $5. Всушност, компанијата ќе заработува пари токму од оние луѓе кои не успеваат да ги исполнат своите цели.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk