Во овој период каде прославите и лудите проводи се постојани, и не е така тешко да завршите со утрински мамурлук. Сепак, и за него има лек, односно пијалоци кој ќе ви ги ублажи мачнините и главоболката:
1. Sprite
Кинески истражувачи го тестирале ефектот на 57 различни напитоци и нивното влијание врз мамурлукот, а заклучокот бил, дека најефикасен помошник е токму газираниот сок со вкус на лимон и зелен лимон Sprite.
Разните билни чаеви пак, се покажале како доста неефикасни при разредувањето на алкохолот, а некои од нив дури и ги зајакнувале симптомите.
2. Енергетски пијалоци
Енергетските пијалоци содржат три важни состојки клучни во борбата против мамурлукот: електролити (минерали), јаглехидрати (главно шеќер) и вода. Ако немате дома енергетски пијалок можете да го направите и самите. Измешајте во чаша сок од портокал и вода (50:50), и додајте малку сол.
3. Вода
Вода, вода и повторно вода е клучниот помагател во секоја борба против мамурлукот. Пијте ја и за време на прославувањето, но и следниот ден. Сеедно е дали ќе биде флаширана, газирана или од чешма, сите варијанти се одлични за хидратација на „истоштеното“ тело.