Куварот Џорџ Крам го направи перфектниот додаток за сендвичите во 1853 година, по барање на еден муштерија кој се жалел дека неговите компири се прекрупно исечени.
1. Вијагра
Луѓето со еректилна дисфункционалност треба доживотно да му бидат благодарни на Мертир Тудфил кој во 1992 ненадејно го откри овој популарен лек.
2. ЛСД
Швајцарскиот хемичар Алберт Хофман го лапна првото апче во 1943 година во обид да создаде лек за зголемување на плодноста. Подоцна тој зема и поголема доза и сфати дека направил извондредно откритие: лош трип.
3. Рентгенски зраци
Неколку научници во 19 век си поигруваа со пробивачки зраци, односно со електрони кои се судираа со метална цел. Но, рентгенските зраци не беа откриени до 1895 година, кога германскиот научник Вилхем Ронтген пробал да стави различни предмети пред зраците на радијација – и ги видел коските од неговата рака проектирани на зидот. Сликата погоре е првата рентгенска снимка од раката на Вилхем.
4. Пеницилин
Шкотскиот научник Александар Флеминг го испитувал грипот од 1928 година кога забележал дека сино-зелена материја кој била случајно на масата, инфицирала еден од неговите примероци – и ги убила бактериите на стафилококусот.
5. Вештачки засладувачи
Ова откритие е денес меѓу нас само затоа што научниците кои го работеле на него заборавиле да си ги измијат рацете.
6. Микробранови печки
Микробранови емитери ги напојуваа радарите на Алијансата за време на Втората Светска Војна. Скокот од радар кон микробранови печки дојде кога зраците стопија чоколадо во џебот на инженерот Перси Спенсер.
7. Бренди
Средновековните трговци ја зовривале водата во виното така што нивниот драгоцен товар би можел да издржи подолго време и да зазема помалку простор. Но, попат некој решил да го заобиколи овој процес и опаа!…Брендито е родено
8. Вулканизирана гума
Гумата мириса одвратно, освен ако е вулканизирана. Чарлс Гудјеар го открил процесот случајно во 1839 година кога истурил мешавина од гума и сулфур над загреана печка.
9.Жива гума
Во раните 40-ти од овој век, научникот на Генерал Електрик – Џејм Рајт работел на вештачка гума за воени потреби кога случајно измешал борова киселина и силиконско масло.
10. Чипс
Куварот Џорџ Крам го направи перфектниот додаток за сендвичите во 1853 година, по барање на еден муштерија кој се жалел дека неговите компири се прекрупно исечени. Џорџ во бес ги исекол компирите најситно што можел и ги испржил така што добиле крцкав вкус, создавајќи го вкусот кој генерално денес го познаваме како Рафлс, Доритос итн.