Фестивал на џиновски скулптури од снег во Кина

Нетрпеливо го чекате снегот, очекувајќи да се забавувате до бесвест правејќи Снешко?

Овие скулптури, или поточно – градби и структури, веројатно ќе ви изнасмеат на таа ваша мисла, но барем ќе уживате во нив, бидејќи се импресивни. Голем дел од нивната магија, патем, се должи на тоа што се масивни.

Дел се од 26-тиот кинески „Интернационален Харбин фестивал на мраз и снежни скулптури“. Секоја година, повеќе од десетици илјади туристи го посетуваат „Ледениот град“ во Харбин, а фотографот Хунг Ву се погрижи да ни долови дел од она што тие го видоа.

Најголемата скулптура годинава е долга 117 метри и висока 26 метри. Во случај да се прашувате како опстојува без оштетувања – температурата во Харбин, Кина, се движи околу -16.8 Целзиусови степени.
Можеби скулптурите и не се така забавни за правење како што на прв момент помисливте, нели?

1 2 3 4 5 6 7

- Реклама -