OPEC+ ги остави непроменети декемвриските квоти за производство на нафта

Водечките земји производители на нафта од неформалниот сојуз познат како OPEC+ одлучија во неделата да ги задржат непроменети квотите за производство во декември, потврдувајќи ги очекувањата дека нема да ја променат својата политика до следната година поради тековната војна на Блискиот исток и прекините во снабдувањето што ги предизвикува, објавија британката агенција Reuters и руската ТАСС.

5
OPEC+ ги остави непроменети декемвриските квоти за производство на нафта
Фото: Нетпрес

Седумте водечки земји во групацијата – Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Казахстан, Кувајт, Оман и Алжир – ја донесоа одлуката на денешниот состанок преку конференциска врска, се вели во соопштението на картелот.

Така, руската квота за производство на нафта за декември 2026 година ќе биде 9,949 милиони барели дневно, на Саудиска Арабија – 10,478 милиони барели дневно, на Ирак – 4,431 милиони барели дневно, на Кувајт – 2,676 милиони барели дневно, на Казахстан – 1,628 милиони барели дневно, на Алжир – 1,007 милиони барели дневно, на Оман – 841.000 барели дневно или без промена во споредба со квотите за септември, октомври и ноември 2026 година.

Реклама

Од април 2025 година, тогаш осумте водечки членки на OPEC+ (Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Кувајт, Казахстан, Алжир, Оман и Обединети Арапски Емирати) почнаа постепено да ги враќаат на пазарот количествата барели што претходно ги намалија, а во септември 2025 година целосно се откажаа од доброволните намалувања од 2,2 милиони барели дневно, или една година порано од првично планираното. Во октомври 2025 година, земјите од OPEC+ почнаа постепено да го укинуваат намалувањето на производството на нафта за уште 1,65 милиони барели дневно.

Од 1 мај 2026 година, со повлекувањето на ОАЕ од групата, форматот ќе функционира како формат на „големата седумка“.