Во 2004 година во центарот на Торонто се наоѓал мал обраснат плац на кој Џули Дајк го избрала местото за својот дом.Имено, таа и нејзиниот партнер го купиле местото, за во 2011 година веќе да направат куќа на пет ката, со гаража, една спална соба, 2 студиа и 3 бањи. И сето тоа на површина од 186 квадратни метри.
Архитектот решил да направи тераси на секое ниво и интересен контраст во внатрешноста.
Главниот простор е со висината на три спрата, полни со светлина. Она што е малку чудно е тоа што во куќата нема ролетни и завеси, па секој чекор по скалите е на видик на минувачите.