Дидие Дрогба е задоволен што на денешната ждрепка во ЛШ неговиот тим Галатасарај за противник го доби Челзи.
Шампионот на Турција доби силен противник во осмина-финалето од најелитното европско натпреварување на ’Стариот континент’, но Дидие Дрогба е пресреќен од ждрепката во Нион.
Причина за ова е враќањето на Стемфорд Бриџ, каде напаѓачот настапуваше од 2004 до 2012.
„Каква ждрепка…” – напиша Дрогба на Instagram.
„Јас сум најсреќниот човек во ова натпреварување, на двата натпревари ќе играм на домашен терен!!!!! Се гледаме за неколку месеци”.
Во дресот на ’Сините’, напаѓачот одигра 341 натпревар, постигна 157 погодоци и беше еден од милениците на публиката.
Во неговата последна сезона во Челзи, тој стигна до трофејот од Лигата на Шампионите и беше еден од најзаслужните за овој успех на ’Сините’.
Teкстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk