Модерно поткровје од 90 квадрати

На тотална површина од 90 квадратни метри, овој шведски апартман изобилува со стил и карактер.

Тесните скали веднаш до влезот ве водат кон мала и драматична поткровна просторија, а се само вовед во овој модерно и бохемиски уреден простор за живеење.

Удобноста на дневната е резултат на придушените бои и светлите нијанси, прошарани со ексцентрични детали. Каминот е уште еден плус што додава на светлоста и пријатноста на дневната соба.

Стратешки поставените покривни прозори го снабдуваат просторот со потребната дневна светлина, а придушените сијалици даваат дополнително чувство на модерно живеење.

Модерниот стил е во самата основа и на бањата и кујната, но со груби финеси – текстурираните ѕидови и слободно поставените зелени растенија балансираат кон поприродна атмосфера.

Еден од најимпресивните моменти на  овој апартман е терасата што продолжува од кујнскиот простор. Исполнета со удобен мебел за седење и еден куп растенија, терасата изгледа како најудобна опција за релаксирана вечер.

4 1 6 8 7 11 15 1310 16 17 18

- Реклама -