Позира како балерина за да ја насмее болната сопруга

Боб и Линда Кареј живееле во среќен брак, се до моментот кога на Линда и е дијагностициран рак на дојка. Тогаш, Боб се претворил во Супер-Боб и решил по секоја цена да внесе малку радост и смеа во животот на Линда. Неговата суперхеројска наметка е обичен розев балерински фустан, а неговата супермоќ е да одолее на зачудените погледи и да позира во него на несекојдневни локации.

„Ракот не научи дека животот е убав. Борбата со него може да биде тешка, а понекогаш е најдобро, и единствено што можеме да сториме е да се смееме и да ја поделиме насмевката со другите“, вели овој посветен сопруг.

Подвигот не е така едноставен – Боб пропатувал ширум земјата, поминувал граници, одолевал на температурните разлики и презривите погледи, но на крајот, постигнувањето е непроценливо.

И Линда, но и жените што биле заедно со неа на лекување, не можеле а да не се насмеат на неговата креативност, лудост и огромна љубов кон сопругата.

bob-carey-51   Tutu-Project-003009 tutu-project url 005 020  251207-bob-carey

- Реклама -