Уникатен хотел за мачки

Домашните миленици исто така сакаат луксуз…Или барем во оваа максима верува семејство Ounsley од Западен Јоркшир , Англија. Тие одлучиле да направат  уникатен хотел со пет ѕвездички , дизајниран специјално за мачки . Креаторите на невообичаениот хотел тврдат дека тоа е единственото место во нивната земја каде домашните мачиња можат удобно да се релаксираат .

Во хотелот има 12 соби од луксузна класа, кои се опремени со подно греење и се  исклучително модерно дизајнирани. Во нив за распоредени удобни кревети од ковано железо ,  меки перници, храна. Во собите има и телевизор , на кој  се прикажуваат  различни филмови со животни , а домаќините го следат спроведувањето на секоја желба на мачките гости .

Храната на влакнестите гости во хотелот исто така е многу деликатна и се сервира во порцелански чинии . Ако пак на некој мачор му е здодевно во својата соба, секогаш може да побара друштво  во ходникот кој е украсен со камења Swarovski .

 

Цената на собата е од 25 до 65 долари на вечер . Во неа се вклучени престојот на животинчето, специјализираната храна за него , професионални масажи и спа третмани , кои се вршат од страна на ветеринар , со оглед на здравствената состојба на гостинот .

- Реклама -