Како најлесно да збуниш и расплачеш чирлидерка (видео)

Една од девојките од навивачката група на Чикаго Булс – Luvabulls, засекогаш ќе го памети четврточниот натпревар. На средина на третата четвртина, за време на тајм-аутот, Аријана Росадо беше изненадена кога одеднаш започна да свири поинаква музика, а маскотата на тимот дотрча и ја седна на столче на тркалца, додека останатите Luvabulls продолжија да танцуваат околу неа. За кратко, од една од куклите на надувување, излезе нејзиниот дечко Шејн Закари, со прстен во рацете. Дури тогаш публиката сфати зошто во позадина свири „Marry You“ на Bruno Mars.

Запросувањата од овој тип веќе станаа клише, но овде барем можете да видите како изгледа збунета и засрамена чирлидерка кога нејзините колешки ќе продолжат со кореографија што таа не ја знае.

- Реклама -