Бесмртна љубовна приказна: Поминале 65 години заеднички живот и заедно починале

Нивната љубовна приказна, која би можела да се нарече љубовна приказна од филмовите започнала да се раскажува откако и двајцата умреле непосредно еден по друг.Тие се запознале во 1948. година во еден салон за автомобили каде што Франк  бил купувач, а Елеанор работела како секретарка. Кога продавачот го прашал Франк дали сака да отиде на тест возење со еден автомобил, тој одговорил: „Може, но само доколку со мене дојде и вашата секретарка“, раскажува нивната ќерка за „Обзеревр“.

1

 

Од тогаш биле неразделни, а Франк не ја напуштал Елеанор дури ни на самиот крај. Иако била во дом за згрижување на стари лица и имала се што и е потребно, медицинска нега и сестри на располагање,  Франк доаѓал секој ден да се грижи за неа.

last-moment3

Елеанор само требала да го пристине ѕвоното над својот кревет и да повика медицинска сестра, но тоа не го направила ниту еднаш, туку наместо тоа секој пат го повикувала Франк.

couple5n-2-web

Веднаш по нејзината смрт, починал и тој. И двајцата се погребани заедно .

untitled-3

- Реклама -