Што говори овошјето за вашиот карактер?

„ Ти си она што го јадеш“, е стара изрека. Тумачењења на она што го говори храната за нашата личност има многу. Ви пренесуваме неколку симболични значења на овошјето кое вам ви е омилено.Начелно треба да знаете дека љубителите на овошје се хедонисти, кои со секој залак ја  чувствуваат убавината на животот и затоа се весели, витални и енергични. Сите овие предности можат добро да се искористат, па затоа луѓето кои сакаат овошје се најчето успешни, а освен тоа се и добри пријатели и партнери.

Поедничено тоа изгледа вака:

Јагоди

jagodi

Љубителите на јагоди се искрени соговоници и добри слушатели, но понекогаш им недостасува смисла за хумор, па во некои ситуации изгледаат многу озбилни. Мажите брзо се одлучуваат за љубов, но исто така и брзо се „ладат“, жените се најчесто неодлучни, поради што може да имс е случи долго да го чекаат „вистинскиот“.

Портокали

portokal

Ова овошје е омилено на скромните и исклучително вредни луѓе. Љубителите на портокали во љубовта се пасивни и рационални.

Праски

praska

Оние кои ги сакаат праските имаат високи критериуми при изборот на пријатели, но кога еднаш ќе ги одберат, им остануваат верни за цел живот. Во љубовта имаат многу барања, но се добри партнери и одговорни родители. Ако работниот свет им пружи можност да се искажат и околностите бидат на нивна страна, во својата професија ќе станат многу успешни.

 Кајсии

kajsija

Ако сте обожавател на кајсии, имате добар нос за работа. Ако покрај тоа сте и дружељубиви и подготвени во комуникацијата, секогаш ќе бидете на чело на некоја група и опкружени со пријателите. Парнерот го ставате на високо место меѓу своите приоритети, така што немате тешкотии со барањето на животен сопатник.

Вишни

vishna

Ако вашето омилено овошје се вишните, вие сте многу промислени и животните задачи често ги прифаќате со задоцнување. Би можеле да имате повеќе смисла за хумор и помалку да се срамите, но во љубовта сте често и премногу предвидливи.

 Смокви

smokva

Нив ги сакаат тактичните луѓе кои ги одликува и одлично помнење. Сите овие особини не го заспорува ни длабоката старост.

Јаболки

jabolka

Оние кои сакаат јаболки се држат до старомодните животни принципи, а што и да работат го прават брзо и со енергија. Луѓето ве искористуваат бидејќи сте премногу добри и полни со самодоверба. Во љубовта сте реални и приземјени.

Банани

banana

Љубителите на банани се трпеливи и издржливи. Најмногу даваат од себе кога се поставени пред тешки задачи и проекти. Кога ќе ги пронајдат вистинскиот партнер се заљубуваат до уши и веројатно таа љубов ќе трае уште долго.

 

- Реклама -