Мајка со помош на Фејсбук го убеди синот дека очилата се кул (Видео)

Откако на четиригодишниот Ноа Фишер му соопштиле дека ќе мора да почне да носи очила, тој бликнал во плач и никако не сакал да ги стави на себе, стравувајќи дека ќе го исмеваат неговите пријатели. Затоа, неговата мајка Линдзи Фишер морала да се досети на некакво решение со кое ќе го убеди синот дека всушност носењето на очила изгледа навистина кул.

406505_naocare4_ff

Така, настанала групата на Фејсбук „Очила за Ноа“, во која таа ги замолила сите учесници на социјалната мрежа да испратат фотографии кои ќе му покажат на Ноа дека очилата изгледаат целосно модерно.

Страницата во моментов има преку 4000 фанови, и многу испратени фотографии на помош, кои и помогнале на Линдзи да ја оствари својата цел.

Прочитајте и:  Корисниците пријавуваат дека не може да праќаат и примаат пораки на Инстаграм и Фејсбук

406504_naocare3_ff

„Издвоија дел од своето време за да постават свои фотографии на Фејсбук за момче кое не го ни познаваат. Навистина сум им благодарна“, истакнала таа.

Сега веќе малиот Ноа со задоволство ги носи своите очила со црни рамки.

[youtube]http://youtu.be/jMgjBP2aFBo[/youtube]

- Реклама -