Што говорат кондурите кои ги носите за вашата личност?

Голем дел од жените имаат фетиш во врска со кондурите кои ги носат. Некои ги колекционираат, а некои се само практични.
Сепак, кондурите кои што ги носите говорат многу за вашата личност, велат психолозите. Погледнете зошто

 Рамни кондури

Доколку се одлучите за рамни кондури значи дека не сте склони кон експериментирање, односно повеќе сакате удобност од мода. Веројатно сте интровертни и не може секој лесно да ви се доближи. Сепак, жените кои сакаат рамни кондури по природа се многу драги и слатки.

Груби бајкерски чизми

По природа сте многу опуштени и екстровертни. Сакате авантури, зар не? Жените кои се одлучуваат за овие кондури се веројатно малку груби.

Платформа

Голем дел од жените сакаат да носта платформи и тие се по природа едноставни, самоуверени и независни. Пријателски се расположени и веруваат во другите луѓе.

Високи потпетици

Жените кои носат високи потпетици често сакаат да привлекуваат внимание. Тоа се однесува на сите жени, но голем дел од нив сакаат да изгледаат секси, па затоа го практикуваат овој избор.

 

- Реклама -