Видеото на кое елен во еден момент безживотно лежи на лисјата, а веќе во следниот енергично скока и бега, има повеќе од милион прегледи на Јутуб.Ловецот Ник Фабер кој го направи ова видео и го објави на интернет помислил дека еленот е мртов и тргнал кон него. Сепак, тој без да се помести на снимката лежи на земјата, се додека Ник не го удрира по ногата, па ги отвора очите и енергично скока.
Многу луѓе го коментираат видеото признавајќи дека кога скокнал еленот и тие се одвоиле од столот заедно со него.