А мислевте дека вие сте вредни и правите премногу нешта во текот на денот…
GPS уредот закачен на еден морски галеб укажува на тоа дека птицата прелетува 332 километри дневно! Дел од активностите се одвиваат над водата, но не помалку време морскиот галеб поминува и летајќи над копното.
Нарацијата (која е на холандски јазик) објаснува дека галебот на видеото всушност собира храна за себе и своите 3 малечки, што пак објаснува зошто почетната точка се совпаѓа со дестинацијата на патувањето. Околу 40-тата секунда, можеме да го видиме галебот како се упатува кон морето, непосредно до брегот, каде што веројатно поминува некое време крадејќи лесни оброци од рибарските бродови.