Компир со кашкавал

Потребни состојки

• 700 ГРАМА КОМПИРИ

• 200 ГРАМА РЕНДАН КАШКАВАЛ

• 150 ГРАМА МАРГАРИН ИЛИ ПУТЕР

• МАЛКУ ЗАЧИН

За прелив:

• 1 чаша кисела павлака

• 70 ml јогурт

• 3 јајца

• 3 лажици масло

• Малку сол

Подготовка: Лупени компирите се варат во посолена вода, додека не омекнат но да не се сосема сварени. Потоа полуварениот компир се сече на кругови. Половина од компирите се редат во подмачкан сад за печење, посипан со малку зачин, па потоа покриен со ренданиот кашкавал. Над кашкавалот се реди втората половина од компирите па се полева со врел стопен маргарин или путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени . Состојките за прелив се метат Печените компири се вадат, се прелеваат со преливот и повторно се пече околу 15 минути. Пријатен оброк,

- Реклама -