Вилаш Боаш: Треба да се засрамиме од поразот

Менаџерот на Тотенхем, Андре Вилаш Боаш вели дека неговиот тим треба да се срами од високиот пораз од 6-0 од Манчестер Сити.
Тотенхем синоќа истрча на Етихад Стадионот со вкупно примени шест гола оваа сезона, но си замина со исто толку во нивната мрежа на тој натпревар.

„Да загубите 6-0 е срамно. Имаме големи очекувања од оваа сезона и тешко е кога ќе се загуби со овој резултат од ривал кој ги има истите амбиции” – изјави Вилаш Боаш по натпреварот.

„Пораз како овој остава поголем траг во вашата кариера отколку успесите кои ги имате”.

„Рано примениот гол ги сруши нашите планови, голот во 13. секунда влијаеше на нашата самодоверба и мотивација. Ова е лош момент за нас, треба да се засрамиме од резултатот”.

„Се тргна лошо за нас. Ја имавме најдобрата дефанзива во лигата и примивме шест гола, што повеќе да се каже”.

Teкстот е објавен во соработка со 24.fudbal.mk

 

- Реклама -