Очите се огледало на здравјето

Добро е позната фразата која вели дека очите се огледало на душата, но во реалноста, уште поточно е дека тие можат да бидат и аларм на вашата здравствена состојба.

“Очите се огледало на човековиот организам и обезбедуваат рано предупредување за многу здравствени проблеми. Луѓето мислат дека очите треба да се прегледуваат само кога постојат проблеми со видот, но всушност треба да се практикуваат редовни очни прегледи, бидејќи дијабетесот на пример, на тој начин може се открие многу порано пред да почне да создава проблеми во телото “, вели офталмологот Енди Хепворт.

eye-up-close

Во Велика Британија во тек е кампањата, “Jul-Eye”, која ги повикува луѓето да направат преглед на очите. Според докторите, постојат видливи промени во окото кои укажуваат на можност од некакво заболување:

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Црвени очи – Висок притисок

Жолти масни точки или мали солзи во мрежницата – Дијабетес
Бел прстен околу ирисот – Висок холестерол
Бледа боја на внатрешноста од капакот – Анемија
Испакнати очи – Проблеми со тироидната жлезда
Замелушени очни капаци – Мозочен удар
Различна големина на зениците – Мозочен удар или тумор
Жолти очи – Заболување на црниот дроб
Бледило на оптичкиот нерв – Мултиплекс склероза или тумор на мозокот
- Реклама -