Се работи за еко хотелот LEAPrus 3912, кој се наоѓа во близина на неактивен вулкан на надморска височина од 4.000 метри, на јужната страна на планината Елбрус на Кавказ. Проектот е еден од неколкуте кои се планирани за промоција на туризмот во регионот, и веќе се смета за следната хит дестинација во Русија. Тој се состои од три „цевки”, лоцирани до засолништето кое е уништено од пожарот во 90-тите години.
Хотелот е отворен во септември минатата година и нуди 49 места за сместување. Во ентериерот му преовладуваат долгите, слични на коридор простории, во кои се наоѓаат кревети. Во една од цевките е сместен ресторан. Вкупната површина на хотелот изнесува 139 квадратни метри. Тој е енергетски ефикасен – има соларни панели, соларна внатрешна инсталација, ефикасно LED осветлување и подно греење.