Ди Матео сеуште добива 130 000£ неделно од Челзи

Медиумите од Англија пренесуваат дека Роберто Ди Матео сеуште е платен список на ’Сините’, стратегот секоја недела добива 130 000 фунти.
Италијанецот, како привремен менаџер го предводеше Челзи до триумф во Лигата на Шампионите и ФА Купот во 2012, а како награда за ваквиот успех доби двегодишен договор.

Сепак, по лошиот старт во новата сезона и елиминацијата од Лигата на Шампионите, ’Сините’ во ноември 2012 му врачија отказ на стратегот.

И покрај тоа што Ди Матео речиси една година не е дел од Челзи, тимот на Стемфорд Бриџ во изминатите 12 месеци му исплатил плата од околу 7 милиони фунти.

Медиумите од ’Островото’ пренесуваат дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович и Роберто Ди Матео не успеале да постигнат договор за обесштетувањето, па стратегот останал на платен список и секоја недела добива околу 130 000 фунти.

Ди Матео ќе продолжи да добива плата се до јуни 2014, освен доколку не пронајде нов ангажман.

Неговото име се поврзуваше со менаџерското столче на Сандерленд, но се верува дека тој ја одбил понудата поради големите примања кои го добива од Челзи.

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.

- Реклама -