Најпопуларните бои за коса оваа сезозна

Доколку се уште не ви е до промена на фризурата, можете да го направите тоа барем со нејзината боја.
Студените месеци се совршена можност за да го освежите и повторно да го заживеете вашиот изглед на косата. Она што е добро е тоа што сегашната боја веќе не ја оштетува косата како претходно, а голем број фарби содржат протеини и хидратантни состојки. Тоа значи дека вашата кожа ќе изгледа убава, здрава и сјајна.

Ако не можете да се одлучите за бојата, тука сме да ви помогнеме.

Шампањ руса

Доколку имате руса коса- пробајте шампањ боја, како на фотографијата.

Медено златна

Сакате промена оваа есен? Испробајте топла темноплава боја со црвенкасти нијанси која на есенкото сонце ќе се прелева во боја на мед.

 Strawberry златна-руса боја

Ова е една од најпопуларните бои оваа есен, па така ако сте русокоса можете да ја испробате и да и додадете црвенкаст сјај.

Светло смеѓа со руси прамени

Одлична комбинација кога е во прашање есенското освежување на бојата на косата. Русите прамени ќе ви го отворат и разведрат лицето, без драстични промени на бојата.

Интензивна чоколадна боја

Топлата чоколадно смеѓа боја е одличен избор за бринетите, а доколку сакате интересна промена – обидете се да ги осветлите врвовите на косата, за да го добиете популарниот омбре стил.

Костенлово црвена боја

Уште една совршена боја за оваа сезона – преубавата, богата црвено-смеѓа нијанса совршено ќе се вклопи  во  студените месеци и прекрасните бои на есента.

 

- Реклама -