Фабио Бералдо Ригол е поранешен брокер што сега живее на гробишта. Откако неговиот бизнис банкротирал, тој се навлекол на дрога, а целиот ланец на настани што доаѓа со неа го довел до степен кога неговото семејство решило дека не сака ништо повеќе да има со него. Денес, тој е бездомник без скршен денар, во обид да го извлече најдоброто од навистина лошата ситуација.
Во последните години, Фабио живее „со неговиот починат пријател“ кој лежи закопан во една од шесте парцели на гробиштата Санта Изабел во Бразил. Навистина звучи лошо, но подобро е отколку да се живее на улица, објаснува Ригол. Се чини дека тој не е многу засегнат од тоа што живее и спие на место каде што луѓето не сакаат да поминат ни минута. Да зборуваме реално, животот на гробишта бара храброст, очај и неверојатна способност за адаптација. Очигледно, Ригол ги има сите овие нешта.
И не само тоа, тој има мисли што се вредни за споделување и процесирање низ мозочните вијуги. „Повеќе се плашам од живите отколку од мртвите“, вели тој. „Никогаш не сум видел дух. Понекогаш овде станува претивко и премирно, но јас и не сум толку страствен говорник, па ми одговара“.
Се разбира, ова не е „прекрасен, прекрасен живот“; Ригол единствено ги напушта гробиштата кога оди да пита за пари и храна. Сепак, ова не го спречува да биде оптимист и да мечтае повторно да има нормален живот. „Сакам да ги напуштам гробиштата жив“ – вели 47-годишникот. „Сакам да имам своја куќа, макар била и само спална соба и бања. Сакам да се вратам на работа, ако постои шанса. Мојот живот сеуште не е завршен“.
Му посакуваме се најдобро и се надеваме на добри вести во иднина. Ако успее во намерата, Ригол дефинитивно ќе прерасне во животна лекција на две нозе, и тоа добра.