Maјка и дете се шетале по плажа.
Во еден момент детето запрашало:
– Мамо како се чува љубота?
Мајката го погледнала и му одговорила:
– Земи малку песок во раката.
Детето го притиснало песокот и колку повеќе стискало, толку вишокот од песок му поминувал низ прсти.
– Ама мамо, песокот ми бега!
– Знам, сега повторно отвори ја раката.
Детето ја послушало, но во тој момент дувнал ветер и го однел сиот песок од дланките.
– Ни вака не успевам да го задржам песокот.
На тоа мајката со насмевка на лицето му рекла:
Сега земи повторно малку песок во раката и држи ја дланката во облик на лажичка, доволно затворена го заштити, а доволно отворена за да биде слободен.
Дедето направило така и песокот му останал во раката, доволно заштитен од ветрот, а доволно слободен да не му падне низ прстите.
Ете како се чува љубов…