Oтако податоци на хакнати корисници завршија на интернет, како фајл со големина од дури 9.3 GB, неколку компании се впуштија во нивно дешифрирање. Токму тоа го направи Џереми Госни за „Stricture Consulting Group” и на интернет стави 100 најкористени лозинки кои се добиени со дешифрирање на енкрипоративни Adobe податоци.
Податоците покажуваат висок степен на незаинтересираност на корисниците да смислат квалитетна лозинка. На јавните Adobe сервери корисниците своите податоци ги заштитувале со лозинки како 123456, adobe123, за што не мора да бидете експерт за да ги провалите.
Погледнете ја листата од 20 најчести лозинки кои ги осмислиле корисниците на Adobe онлајн системите:
– 123456
– 123456789
– password
– adobe123
– 12345678
– qwerty
– 1234567
– 111111
– photoshop
– 123123
– 1234567890
– 000000
– abc123
– 1234
– adobe1
– macromedia
– azerty
– iloveyou
– aaaaaa i
– 654321.