Кола пијалак во 12 различни ситуации

coca-colaКолата не е само газиран освежителен пијалак, таа има многу намени и употреблива е при извршување на домашните задачи. Ова се 12 невообичаени ситуации каде можете да ја искористите Колата.


kola_Колата не е само газиран освежителен пијалак, таа има многу намени и употреблива е при извршување на домашните задачи. Ова се 12 невообичаени ситуации каде можете да ја искористите Колата.

1. Загорената тава од печење лесно ќе се исчисти ако во неа ставите Кола и ја сварите. Сите дамки и нечистотии би требало да исчезнат.

2. Со помош на Кола може да направите рустикални пожолтени фотографии на тој начин што модерните фотографии ќе ги премачкате со кола и ќе ги оставите да се исушат. Внимавајте сепак да не ги натопите премногу бидејќи во тој случај ќе почнат да се виткаат. Истата постапка може да ја направите и со црно-белите фотографии.

3. Ако при бојосувањето на косата резултатот е преинтензивен, испирањето со Кола ќе ја осветли бојата и ќе го ублажи резултатот.

4. Старите парички ќе засјаат со нов сјај ако ги натопите во Кола и ги оставите да стојат неколку часа.

5. Ако Колата ја наточите во чајник и ја оставите да стои цел, чајникот ќе се исчисти од бигор и дамки.

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

6. ВЦ школката може многу детално да се исчисти ако се полие со Кола. Киселината ќе го изгризе бигорот и сите нечистотии.

7. Вкусен сос за месото на скара може да направите од Кола и кечап. Сразмерот нека биде пола-пола. Месото маринирајте го во сосот пред печење.

8. Колата може да се користи и како омекнувач за коса. Третирајте ја косата со неа на истиот начин како што тоа го правите со регенератор.

9. Во плиток сад ставете Кола и потоа садот ставете го во градината. На овој начин ќе се ослободите од здодевните полжави кои ќе ги привлече слаткиот мирис и тие ќе завршат во садот.

10. Зарѓаните штрафови можат да се олабават ако ги замоткате во крпа натопена во Кола и ги оставите да стојат неколку часа.

11. Во чаша со Кола може да го исчистите својот накит. Исчеткајте го со четкичка за заби и исплакнете го. Оваа постапка сепак не се препорачува за повредниот накит.

12. Колата може да помогне и кај желудечните тегоби. Само внимавајте таа да не биде свежо газирана бидејќи како таква може да ја влоши состојбата. Користете изветреана Кола, или во неа додадете шеќер. виа.

- Реклама -