Кинески инвеститори сликаат лажни прозори на зградите

Наместо вистински прозори, овој станбен комплекс во Шандонг, Кина, доби лажни, насликани.

Звучи лудо, но неколку градежници во Кина почнаа да цртаат прозори преку целите лица на станбените блокови. На секоја од останатите страни на зградите има вистински прозори, што ја прави праксата уште почудна. Зарем инвеститорите немале доволно пари за уште една страна со прозорски рамки?

no windows02

Како што можеби претпоставивте, се работи за архитектонска грешка која физички ги спречува градежниците да постават прозори на предната страна. Архитектите ги дизајнирале зградите со лифтовите близу до влезовите, па прозорите би гледале директно во окното за лифтот, што би била прилично грда слика.

no windows01

Наместо тоа, тие решиле да сликаат. Ова само делумно објаснува зошто тие би се решиле баш на овој начин да ја „поправат“ фасадата. Се разбира, сликите воопшто не влијаат на квалитетот на животот на станарите. Единствено објаснување што преостанува е дека се работи за козметички третман на грубиот бетонски ѕид без ниту еден прозор, со цел објектот да се процени на поголема вредност.
no windows-4

Да бидеме искрени, од далеку, и при краток поглед, големи се шансите набљудувачот да биде измамен и да не забележи дека се работи за слики. Или не? Проценете сами.

- Реклама -