Еден повреден и милиони збунети при експлозија на јогурт

Луѓето обожаваат овошен јогурт. Со оглед на сите продукти презаситени со шеќер што ги внесуваме во текот на денот, овошниот јогурт изгледа како вкусна, освежителна и здрава алтернатива. Барем додека не ни експлодира во лицето.

Неодамна, 58-годишнен човек од Кина, откако пристигнал дома од работа, решил да се освежи со споменатиот пијалок, што се покажало како огромна грешка. При отварањето на шишето, тој слушнал силно шуштење, како кога се ослободува заробениот гас, што е екстремно чудно кога се работи за негазиран пијалок. Веднаш се упатил да го изнесе шишето надвор, но не бил доволно брз; јогуртот му експлодирал во раце, додека содржината се распрскала право во неговото око.

2
Неговото лице само неколку дена по несреќата

Импактот воопшто не бил наивен. Човекот бил хоспитализиран со потечено лице и внатрешни крварења. Во почетокот, докторите не биле сигурни дали воопшто ќе може да гледа, а во моментов сеуште постои шанса делумно да го загуби видот.

Прочитајте и:  Еден загинат и двајца исчезнати по експлозии во магацини за пиротехнички материјал близу Софија

Повредениот објаснува дека шишето експлодирало „како граната“! Експлозијата била толку силна, што на некое време го изгубил, покрај видот, и слухот.

1

Во обид да ги „испеглаат“ работите со малерозниот клиент и во знак на „најдлабоко извинување“, компанијата што го произведува јогуртот му понудила 10 пакети од истиот, изразувајќи жалење за несреќниот инцидент. Се разбира, човекот ги одбил, објаснувајќи: „Самиот поглед на нив ме плаши“. Зарем можеме да го обвиниме?

Причините за инцидентот остануваат нејасни, а во меѓувреме, внимателно со сличните пијалоци.

- Реклама -