Ја фотографирал својата сопруга низ сите фази од борбата со ракот

Оваа потресна приказна за  животот и смртта е целата раскажана низ фотографии кои ја бележат борбата против ракот, сета болка и љубовта на еден пар.Од првиот момент кога ја здогледал, фотографот Анџело Мерендино знаел дека Џенифер е совршената жена за него. Тоа било љубов на прв поглед, која била круснисана со брак во Њујорк.

По само пет месеци, нивниот живот сосема се променил бидејќи на Џенифер и дијагностицирале рак на дојка.

„Моите фотографии не прикажуваат нас во секојдневниот живот. Тие го прикажуваат лицето на ракот, на ликот на мојата сопруга. Прикажуваат предизвик, страв, тага и осаменост со која се соочувавме и со кои Џенифер се бореше во текот на болеста. Најважно од се, тие покажуваат љубов и  не дефинираат нас…  тоа сме ние“, вели Анџело за својата серија на фотографии.

Иако нивната приказна нема среќен крај, Анџело сакал со овие фотографии на некој начин да им помогне на луѓето кои се соочуваат со оваа борба. Дури и основал хуманитарна организација „The love you share“, која финансиски им помага на фамилиите кои се борат со оваа болест.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27

 

28

- Реклама -