Искористете ја сезоната на зелката и направете вкусна мусака.
Состојки: 1 поголема главица зелка, 500г мелено месо, 2 коцки за супа, 100г сланина, 1 лажица презла, 2 јајца, 30г путер, половина шолја доматно пире, зејтин, сол, бибер, зачин
Подготовка: Исчистената зелка исечете ја на крупни парчиња и згответе ја во вода со коцка супа. На загреано масло испржете го месото, додајте ја сецканата сланина, сол и бибер, измешајте и тргнете од оган. Составете го месото со сматените јајца и измешајте. Во подмачкан сад редете ред зелка, ред месо и така додека не го потрошите материјалот. Доматното пире разредете го со малку вода во која се готвеше зелката и прелијте преку мусаката. Одозгора посипете со презла и наредете парчиња путер. Печете околу 45 минути на 180 степени.
Добар апетит!