Ослабете без диети

Со високите температури и силното сонце топлата облека заминува во најтемното ќоше од плакарот, но затоа на виделина излегуваат сите наталожени наслаги од тешката зимската храна. За да не се мачите со јо-јо диети, прочитајте ги овие неколку совети.

Заборавете на листите со точно определени оброци и јадете разноврсна храна. На телото му се потребни повеќе од 40 различни состојки за да функционира нормално. Нема да ја постигнете саканата тежина ако постојано јадете исти оброци.

Интегралниот леб и останатите житарици од цело зрно се задолжителен дел од секојдневната исхрана ако сакате здраво да се храните. Најголемата грешка е исфрлувањето на лебот од диетата, затоа што на телото му се потребни јаглехидрати за правилно да функционира. Затоа намалетете на квантитет и зголемете на квалитет со интегрален леб.

Прочитајте и:  Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк

Направете си оптимални оброци за вашата идеална тежина. Откако ќе ја определите бројката на вагата до која сакате да дојдете, пресметајте ги калориските вредности на сите оброци што треба да ги изедете во текот на денот. Исто така, наместо да изедете два или три големи оброци, јадете пет или шест помали.

Јадете што сакате, но добро познавајте си ги своите непријатели. Консумирањето интегрален леб со мајонез нема да донесе никаков резултат, а ист ефект ќе има и јадењето три парчиња торта по оброк од интегрални тестенини.

Конечно, вежбањето е најважно. И најмалата активност ќе има добро дејство на долги патеки, затоа наместо со лифт качете се по скали, а до работа одете пешки.

- Реклама -