Прв ден на работното место

Во канцеларијата, човековиот мозок најмногу заклучоци донесува врз основа на првиот впечаток, па затоа потрудете се вашата кариера да не заврши после првите осум работни часа.Почетокот на кариерата на новото работно место истовремено е и возбудливо и вознемирувачко искуство. Од една страна, ви се отвора една порта кон иднината, а од друга чекорите по теренот прекриен со непознати опасности.

1321479754860.jpg.CROP.rectangle3-large

Еден од најдобрите начини за олеснување на пловењето во немирните води на новото работно место е да оставите одличен впечаток првиот ден. Не е лошо истото да се случува и во наредните денови, но она првото е најинтересно подоцна за раскажување. Факт е дека неможе веднаш да процените нечии доблести или мани, но нашите умови се конструирани на тој начин што несразмерно донесуваат многу заклучоци врз темелите на првичниот впечаток. Затоа не чекајте наредна прилика за добар почеток, туку предизвикајте воздишки уште веднаш.

Новите работодавци сигурно ви назначиле кога точно да дојдете на работа. Изненадете ги и појавете се десет минути порано иако некои експерти препорачуваат да дојдете 20—30 минути пред договорениот термин . Упатете се кон вашиот „нов дом“ порано, за да ја избегнете опасноста од метеж , застој или некое непредвидено случување што би можело да ве вознемири.

LateForWork

Точност пред се

Можеби вашиот надреден или пак ментор ќе дојде после вас, но тоа не е ваша работа – подобро е вие да го почекате него, отколку тој вас. Доколку сакате да оставите поволен впечаток никако не можете да си дозволите доцнење уште првиот ден, независно од тоа каква е политиката на компанијата. Доколку подоцна утврдите дека во тој поглед дисциплината е лабава, никој нема да ви забрани да се прилагодите. Во работниот свет временската точност и неточност ги одржуваат организациските вештини и довербата. Доцнењето честопати предизвикува низа други недостатоци, кои голем број работодавци не сакаат да ги воочат кај своите вработени. Дојдете ли подоцна на вас ќе гледаат како на некој кој доцна се враќа од паузите за ручек и кој последен влегува во собата за состаноци, безразлика дали е тоа така или не. Би било одлично доколку за време на разговорот за работа сте го насочиле внимание кон тоа како се вработените облечени, па првиот ден блеснете со поконзервативен стил ( немојте да претерате). Професионалниот пристап одговара во комбинација со отворениот став. Добриот впечаток подразбира и претставување на сопствената личност како пријатна и пријателски настроена. Немојте да бидете пренаметливи што се однесува до зближувањата со околината, бидејќи колегите не се баш расположени кога примаат нови во својот пријателски круг без „рок на проба“.

first-time

 Собирајте информации

Најверојатно најпрво ќе се зближите со некој кој е истотака нов или дошол во таа средина некое време пред вас. Кога ќе го усвоите духот и културата на фирмата, нема да ви биде потребно долго за да започнете да се чувствувате како дома. Вашите нови колеги можеби нема да ја увидат вашата пристојност, ниту пак истата особено ќе им значи, но било каков непристоен гест секако ќе го запомнат. Изразете разумно и умерено интересирање за се што е поврзано со вас и вашата работа. Но, немојте да поставувате прашања за работи кои би требало самите да ги знаете, бидејќи некој тоа ќе го сфати како ниска интелигенција. Соберете ги клучните информации за протоколот, процедурите, опремата и проектите кои би можеле да ве интересираат. Оставете ги на страна прашањата со кои би навлегувале во некоја работна тајна или кои се чуствителна тема како што се политика, религија или секс. Да оставите добар впечаток не значи да се правите важен. Во некој аспекти потребно е да не се експонирате премногу. Најважно е да слушате и да учите, а на тој начин ќе можете да навлезете подлабоко во новата средина. За почеток доволно е да ја запознаете новата должност и да дознаете како диши екипата во која штотуку станавте член.

Stock Traders In A Meeting

Не ги наметнувајте своите идеи

Некои луѓе сакаат набрзина да ги восхитат нивните колеги на тој начин што ќе предложат неколку извонредни замисли за подобрување на работата. Доколку вам претпоставените не ви побараат да го изнесете вашето мислење, држете го за себе. Понудувањето на совети во првата фаза звучи бајато, бидејќи како нов член искрено и не сте многу веродостојни.

За крај имајте на ум дека првиот вепаток е битен, но тоа не значи дека доколку лошо се поставите неможете да ја поправите грешката уште наредниот ден. Сите некогаш биле почетници или новодојденци па факторот „страв“ им е многу познат. Како и во многу наврати и овој пат ве советуваме дека најбитно е да останете природни. Не заборавајте добрата глума на работното место нема вечно сценарио, па кога тогаш ќе бидете откриени доколку сте маскирани. Однесувајте се со почит, разбирање и желба за работа. Само на тој начин ќе наидете на почит и од другата страна.

- Реклама -