Козметички третман кој ја сочувува младоста „таму долу“

Во светот одамна се практикува гениталната естетска хирургија, а колку се жените заинтересирани да ја продолжат младоста и да го сочуваат либидото говори и фактот дека е измислен козметички третман кој ја сочувува женската интима.

Имено, филерите кои се вбризгуваат во најскриените делови на вагината можат да ја одложат сувоста која настанува со опаѓање на нивото на женските хормони во периодот пред и во текот на менопаузата. Во принцип, тие се многу слични по начинот на работа на колагенот кој се инјектира во лицето.

Новите „полнила“ до крајот на годината ќе се најдат на пазарот во Велика Британија, овозможувајќи им на жените да се грижат за овој дел од телото на потполно поинаков начин.

Vagina-Rejuvenation

„Вагината на жената е како усните на лицето. Таа е склона на испукување и дехидрација со текот на годините. Жените многу тешко ја доживуваат менопаузата сама по себе, а ова е нешто што може да ги намали непријатностите“, вели козметологот и доктор Тејлор Барнс, кој е посветен на ова испитување и воедно убеден дека со примената на филерите ќе се намали бројот на разводи во подоцнежните години од бракот.

Препаратот кој се користи во третманот е комбинација на хијалуронска киселина и манитол, природни антиоксиданси од растително потекло. Ќе бидат направени за за две категории: за периодот пред менопаузата и времето додека жените минуваат низ неа.

- Реклама -